Дома Фудбал Англија Азар: Арсенал? Само Сити и Ливерпул ни се конкуренти!

Азар: Арсенал? Само Сити и Ливерпул ни се конкуренти!

Ѕвездата на Челзи, Еден Азар го отпиша Арсенал од битката за титулата и истакна дека главни конкуренти на „сините“ ќе им бидат Ливерпул и Манчестер Сити.

„Сините“ од Лондон се во одличен ритам и запишаа седум победи во низа по поразот од Арсенал со што дојдоа на првата позиција во најсилното англиско натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на врвот во Премиер лигата е навистина густо, сепак Азар смета дека единствени конкуренти ќе им бидат Ливерпул и Сити, па со тоа го исфрли од конкуренција Арсенал.

„Оваа сезона за наши конкуренти за титулата ги гледам Ливерпул и Манчестер Сити кои играат одлично и константно. Двете екипи се квалитетни. Ако сакаме да бидеме први на крајот како сега, тогаш мораме да завршиме пред нив. Следнава недела се соочуваме со Сити, тежок противник, но ние сакаме победа во секој натпревар“, истакна Азар.

Токму Арсенал кого Азар не го гледа како конкурент за титулата му го нанесе последниот пораз на Челзи, но пред два месеци.

„Пред два месеци се беше поразлично. Тогаш не бевме доволно спремни, но сега точно знаеме што треба да правиме на теренот“, одговори Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…