Дома Фудбал Англија Аврам Глејзер се огласи во јавноста после веста дека Манчестер Јунајтед е на продажба

Аврам Глејзер се огласи во јавноста после веста дека Манчестер Јунајтед е на продажба

Сопственикот на Манчестер Јунајтновинарите го пресретнаа во ресторан.

Глејзери во последните години ретко се појавуваа во јавноста, бидејќи се свесни за непријателството што го чувствуваат навивачите на клубот. Овој пат имаше преседан бидејќи новинарите на „Скај“ ги пресретнаа на улица.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Конкретно, тие го пресретнале Аврам Глејзер, од кого било побарано да ја коментира одлуката на семејството да започне процес на продажба на клубот.

„Како што најавивме, Управниот одбор влезе во процес и одлуката е да се изнајдат стратешки планови за во иднина. Ќе видиме до каде ќе стигнеме“, кратко изјави Аврам.

Од него беше побарано кратко да ги коментира зборовите на Кристијано Роналдо дека не му е грижа за никого во клубот.

„Ќе ви кажам нешто за Кристијано. Тој е големо име на Манчестер Јунајтед, му посакувам многу среќа во иднина“, само кратко порача Аврам Глејзер пред влезе во ресторанот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го видовме и првото големо изненадување и на Копа Америка!

Паралелно со ЕП, големи битки се водат и на Копа Америка, а изминатата вечер го видовме и …