Дома Фудбал Maнчестер јунајтед мора итно да го менува дресот, ги прекршил правилата во Премиер лигата

Maнчестер јунајтед мора итно да го менува дресот, ги прекршил правилата во Премиер лигата

Манчестер јунајтед не само што го започна сезоната со пораз од Хал Сити, туку исто така направи и грешка со својата опрема на првиот натпревар.

На првиот натпревар, екипата на Манчестер јунајтед играше со дресови кои на ракавите немаа амблем од Премиер лигата, нешто што е задолжително за сите клубови.

Сепак, Манчестер јунајтед ќе помине само со опомена, а до наредниот натпревар ќе треба да ја усогласи својата опрема со правилата.

Оваа ситуација се разви така што клубот го истекна договорот со компанијата DXC Технолоџи и на еден ракав не се најде спонзорскиот знак. Клуб кој нема комерцијален спонзор мора да го истакне логото на Премиер лигата на двата ракава.

Сепак, Манчестер јунајтед ќе избегне казна бидејќи на местото на поранешниот спонзорски амблем има поставено текст од кампањата „No room for racism“.

За разлика од Манчестер јунајтед, Челзи, Сандерленд и Кристал Палас ги почитуваа правилата на лигата и ги носеа логата на Премиер лигата на двата ракава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико Мадрид и Јувентус спремаат голема трампа!

Додека прашањето за статусот на Хулијан Алварез е актуелно во текот на последните денови о…