Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен за многу клубови, а во Шкотските медиуми се пишува и за сумата која би ја барал Абердин за негово ослободување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Миовски за Абердин постигна вкупно 24 гола во сите натпреварувања, па така го привлече вниманието и на најголемите шкотски клубови, Селтик и Ренџерс. Во Абердин се уште тврдат дека не планираат да го продадат, сепак јасно е дека ќе им биде тешко да го задржи.
Шкотскиот новинар Џејк Мекфарлан најавува дека цената за Миовски може да изнесува околу осум милиони евра.
„Миовски е голем талент и лично многу ми се допаша. Тој за Ренџерс би бил перфектно засилување. Нема дилеми дека Абердин би барал висока сума, ќе зависи и колкав е интересот за него. Сепак, не би бил изненаден ако Абердин бара осум милиони фунти“, објави новинарот.
Исто така во јавноста се појави информација дека интерес за Миовски покажал и холандски Феенорд.