Дома Топ вести Трансфери во живо: Озил би можел повторно во Мадрид, Конте ќе троши во финишот, Милан ДОБИ напаѓач!

Трансфери во живо: Озил би можел повторно во Мадрид, Конте ќе троши во финишот, Милан ДОБИ напаѓач!

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

Meсут Озил сеуште не го продолжил договорот со Арсенал, британските медиуми, пишуваат дека причина за такво нешто е неговата желба да го напушти Лондон, како негова наредна дестинација се споменува Атлетико Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Во наредните неколку денови псле Елијаким Мангала кој веројатно во Интер ќе пристигне на позајмица по неговите стапки би можел да тргне и Николас Отаменди. (ОВДЕ)

– КРАЈ на шпекулациите: Екипата на Милан го одоговори Никола Калиниќ и фудбалерот наскоро би требало да се пресели во Милано, финансиските детали од овој трансфер сеуште не се објавени.(ОВДЕ)

Паоло Дибала ги израдува фановите на Јувентус, Аргентинецот истакна дека нема немера да го изневери клубот кој му го додели бројот десет.

– Tрансферот на Хесе Родригез во Стоук би требало да биде официјализиран во текот на денешниот тим, англискиот клуб за неговите услуги ќе плати сума од 25 милиони евра.

– Екипата на Сампдорија испрати официјална понуда до Атлетико Мадрид, за услугите на Лусиијано Вието во вредност од 16 милиони евра, очекувањата се шпанскиот клуб да ја прифати оваа понуда.

– Наводно, екипата на Челзи спрема понуда во вредност од 55 милиони евра за бекот на Саутемптон, Ван Дајк. Доколку „сините“ ја испратат оваа понуда Саутемптон веројатно не би размислувал многу и ќе го пушти Ван Дајк на „Стенфрод Бриџ“.

– Њукасл се распрашувал за услугите на фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер, „топџиите“ соопштиле дека цената за нивниот фудбалер изнесува 22 милиони фунти.

– Aнглиските медиуми шпекулираат дека Антонио Конте во последните 17 денови од трансфер периодот на располагање ќе добие 160 милиони фунти, останува да видиме како ќе ги искористи. Како причина за ваквата одлука на управата на лондонскиот клуб се наведува поразот од Барнли на стартот од сезоната.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Виљареал и Милан започнале преговори за трансфер на напаѓачот Карлос Бака (ОВДЕ).

– Стигна и потврда: Паулињо е нов играч на Барселона. Бразилецот во четврток ќе потпише договор и официјално ќе биде претставен на „Камп Ноу“ (ОВДЕ).

– Италијаските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за играчот на Арсенал, Џек Вилшер (ОВДЕ).

– Борусија Дортмунд е во потрага по замена за Осман Дембеле, а италијанските медиуми тврдат дека тоа ќе биде Федерико Киеза од Фиорентина.

– Англиските медиуми тврдат дека Челзи се вклучил во траката за потписот на Иван Перишиќ и сака да го „украде“ пред носот на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

– Англиските медиуми тврдат дека Вест Хем во следните 48 часа ќе го комлетира трансферот на Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон за сума од 35 милиони евра (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…