Дома Трансфер зона Перишиќ се сели на Островот, но не во Јунајтед, туку во нивниот ривал

Перишиќ се сели на Островот, но не во Јунајтед, туку во нивниот ривал

Британските таблоиди денеска пишуваат за Иван Перишиќ и за новиот Премиерлигаш кој е заинтересиран за неговите услуги. Станува збор за никој друг, туку за шампионот на Англија, Челзи.

Составот на Антонио Конте доживеа дебакл на отворањето на сезоната откако на домашен терен загубија со 3:2 од Барнли. Италијанскиот стратег беше многу лут по натпреварот, и од Роман Абрамовиќ лично побарал уште едно засилување пред затворање на трансфер периодот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Daily Mirror“ и „Express“ тврдат дека Конте „фрлил око“ на Иван Перишиќ, кој веќе беше баран од страна на Манчестер Јунајтед и Барселона. Потсетуваме, каталонскиот клуб во неделата навечер на домашен терен беше поразен од Реал со 3:1 и на тој натпревар можеше најдобро да се види колку им фали Нејмар на левата страна во нападот, позицијата која ја зафаќа Иван Перишиќ

Но, да се вратиме на Челзи. Конте бара уште еден офанзивец, бидејќи смета дека Еден Азар, Педро и Вилијан не се доволни за борбата на два фронта – Премиер лигата и Лигата на Шампионите. Минатата година Челзи не го имаше тој проблем, бидејќи беше лишен од играње во Европа.

Освен фактот дека нема голем број на играчи кои ја покриваат позицијата крилен напаѓач, Челзи има голем проблем и со повредите на почетокот на сезоната. Во моментов надвор од терените се Азар и Педро, па така против Барнли прво Бога, а потоа и Кристенсен ја покриваа позицијата десен крилен напаѓач.

Во секој случај, Челзи мора да купува, а парите никогаш не биле проблем кога станува збор за Абрамовиќ. Само останува дали е вистина дека Перишиќ одлучил да остане во Интер, како што тврди Лучијано Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…