Дома Трансфер зона KРАЈ на шпекулациите: Милан договори напаѓач!

KРАЈ на шпекулациите: Милан договори напаѓач!

„Росонерите“ веројатно ставаат точка на импресивниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повеќе нема дилеми, Милан и Фиорентина се договорија. Никола Калиниќ се сели на „Сан Сиро“, а наскоро ќе бидат објавени и финансиските детали од трансферот.

За Хрватот, „росонерите“ ќе платат 25 милиони евра и ќе го испратат Лука Антонели на позајмица во редовите на „виолетовите“. Тренерот Поли сметаше на заминување на својот најдобар играч, претходно фудбалерот одбиваше понуди од Кина и Евертон.

Калиниќ своевремено настапуваше за Блекбурн и не сака повторно во Премиер лигата, неговата цел беше само Милан уште од стартот на преодниот рок.

Тој веројатно ќе биде последното големо засилување за екипата на Милан во преодниот рок, а со доѓањето на Калиниќ се става крај и на шпекулациите во врска со Обамејанг и Белоти кои сепак беа исклучителни тешки мети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…