Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт ја прекина серијата, Кливленд го загуби првото место!

Видео: Голден Стејт ја прекина серијата, Кливленд го загуби првото место!

Голден Стејт загуби од Јута по серијата од 14 последовни победи, додека Кливленд по поразот во Мајами најверојатно нема да ја освои титулата во Источната конференција, туку таа ќе оди во Бостон.

Јута води голема борба со ЛА Клиперс за освојување на четвртото место во Западната конференција, а по победата во Оукленд над Голден Стејт, играчите од Солт Лејк Сити се чекор поблиску до оставрување на таа цел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јута славеше 105:99 и ја прекина низата од 14 победи на најдобриот тим во лигата. Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, во последната четвртина реши да ги одмори најдобрите играчи, што Јута го искористи за дазабележи значајна победа. Хил и Џонсон со по 20 кошеви ја предводеа Јута, а Руди Гобер имаше шчинок од 17 поени и 18 скокови. Кај Голден Стејт Стеф Кари постигна 28, а Кевин Дурент имаше 16 поени и 10 скокови.

Мајами го совлада Кливленд 124:121 и остана во трката за освојување на осмата позиција на Истокот. Кливкенд на овој меч играше без најдобрите Џејм, Ирвинг и Лав, а во тимот го немаше ниту повредениот Томпсон.

Спортските коментатори во САД коментирајќи ја одлуката на тренерот Тајрон Лу да ги одмори најдобрите, рекоа дека Кливленд не сака да е прв на Истокот, бидејќи во полуфиналето сака да го избегне дуелот со Вашингтон.

Хасан Вајтсајд со 23 поени и 18 поени беше најдобриот играч на Мајами на овој натпревар. Отсуството на најдобрите играчи кај Кливленд го искористи Вилијамс кој уфрли 35 поени.

Резултати:
Филаделфија-Индијана 111:120,
Бостон-Бруклин 114:105,
Чикаго-Орландо 122:75,
Милвоки-Шарлот 89:79,
Портланд-Сан Антонио 99:98,
ЛА Клиперс-Хјустон 125:96.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …