Дома Останати Кошарка Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан со 83:73 славеа против Самара.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во триумфот на Уникс Казан придонесе со „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 15 асистенции за нешто над 36:19 минути на паркетот, а воедно имаше и четири скокови.

Така  Димитријевиќ стигна до бројката од 500 асистенции во ВТБ-лигата.

Вториот меч ќе се игра повторно на теренот на Уникс Казан на 25 април, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 28 април на теренот на Самара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…