Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите во пресрет на натпреварот со Денвер Нагетс во плејофот на Западната конференција на НБА.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа ќе биде нова пресметка меѓу Лејкерси и Нагетс, односно нова средба на Леброн Џејмс и Никола Јокиќ, кого еден од најголемите кошаркари некогаш високо го цени и често ја користи приликата да го пофали.
„Никола Јокиќ е еден од најдобрите играчи што некогаш ја играле оваа игра. Тоа е jaсно“, изјави Леброн.
Еден од новинарите дополнително го праша што гледа во Јокиќ на теренот.
„Тој прави сè. Најважно е што ги менува своите соиграчи, го менува начинот на кој размислуваат за оваа игра. Кога можете да ги инспирирате играчите да играат на ниво на кое не веруваат дека можат, тоа е доказ дека сте голем играч“.