Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус се откажал од намерата да го ангажира Анхел Ди Марија откако Аргентинецот не даде одговор во одредениот рок.




Јувентус уште пред еден месец испрати понуда до Аргентинецот, но откако Ди Марија побарал дополнително време за да даде конечен одговор, „бјанконерите“ се отлажале од трансферот.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ди Марија сака договор само на една година, бидејќи сака после Мундијалот да се врати во Аргентина со семејството.




Јувентус сега ќе се насочи кон други цели, а главна мета ќе бидат Николо Заниоло од Рома и Доменико Берарди од Сасуоло.
🚨 Juventus have decided to end their pursuit of Angel Di Maria. 🇦🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 23, 2022
(Source: @GiovaAlbanese ) pic.twitter.com/4PenD7MDXU