Јувентус на лето планира голема реконструкција на тимот и ќе се раздели со најмалку пет ѕвезди на тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека сигурно ќе си заминат Алекс Сандро, Хуан Квадрадо, Адриен Рабио, Леандро Паредес и Анхел ди Марија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината е што со новното заминување клубот ќе спаси 70 милиони евра расходи за плати.
После казната од 15 бода Јувентус се наоѓа во незавидна ситуација и најверојатно нема да избори пласман во Лигата на шампиони. Поради тоа сака значително да го намали буџетот за плати во тимот.
На Алекс Сандро, Квадрадо, Рабио и Ди Марија им истекуваат договорите, па клубот одлучил да не им понуди продолжување на соработката. Паредес пак е на позајмица од ПСЖ и неговиот договор сигурно нема да биде откупен.
John Elkann is preparing a revolution to reduce costs in Juventus. At the end of the season the contracts of Paredes, Cuadrado, Di Maria, Rabiot and Alex Sandro will not be renewed. That would save €70m in salary.
— Max Statman (@emaxstatman) February 6, 2023
— @Gazzetta_it pic.twitter.com/vkCDR6BIyc