Дома Фудбал Инцидент во Неапол: Повредени се навивачи на Челси, се огласи и лондонскиот клуб

Инцидент во Неапол: Повредени се навивачи на Челси, се огласи и лондонскиот клуб

Англискиот фудбалски клуб Челси упати апел до своите навивачи кои отпатувале во Неапол за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите, повикувајќи ги на зголемена претпазливост откако двајца навивачи беа примени во болница.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Клубот е информиран за инцидентот што се случи во вторникот вечер во Неапол. Двајцата навивачи добија медицинска помош во болница поради повреди кои не се животозагрозувачки. Ги повикуваме сите навивачи да бидат внимателни додека се во Неапол и да следат претходно дадените совети од клубот”, велат од Челси.

Во моментот нема официјални информации за начинот на кој се повредени двајцата навивачи на Челси.

Инаку, околу 2.500 навивачи на Челси имаат влезници за натпреварот против Наполи кој започнува вечерва во 21:00 часот на стадионот Диего Армандо Марадона.

Челси, пред овој дуел, издаде соопштение со кое ги советува своите навивачи да избегнуваат да носат обележја на Челси низ Неапол и дека треба да се соберат на однапред дефинирани локации од каде ќе бидат транспортирани со специјални автобуси под полициска придружба до стадионот.

Да потсетиме, Наполи се наоѓа на 25-то место во групната фаза од Лигата на шампионите и му е потребна победа за да продолжи во плејофот за елиминационата фаза на натпреварувањето, додека Челси, кој е на осмото место, има можност директно да се пласира во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…