Дома Фудбал Милан ќе направи обид за дефанзивец на Манчестер Сити

Милан ќе направи обид за дефанзивец на Манчестер Сити

Во Милан ќе го искористат крајot на зимскиот трансфер период, за да направат обид да го привлечат дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пренесуваат Матео Морето и Фабрицио Романо.

Според трансферните експерти, Манчестер Сити тешко дека ќе се согласи да го пушти својот играч, но „росонерите“ не губат надеж дека во следните денови ќе успеат да добијат зелено светло од „граѓаните“ за него, откако го следат од почетокот на месецот. Од друга страна, самиот Аке е подготвен дури и да се откаже од дел од платата за да го обезбеди трансферот.

Причината е што 30-годишниот бек има потреба од повеќе играчко време за да си обезбеди место во репрезентацијата на Холандија за Мундијалот 2026. Во актуелната сезона запиша 20 натпревари во сите турнири, но во Премиер лигата и Лигата на шампионите главно се користи како резервен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на судењето за нападот на Донарума и неговата партнерка

Пред нешто повеќе од три години, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума и неговата тогашна…