Дома Фудбал Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Грција ја потресе веста за страшната сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на солунскиот ПАОК. Секој момент пристигнуваат нови информации и детали за оваа трагедија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Еден од деталите што излегоа во јавноста се однесува на патниците во возилото. Според албанскиот top-channel.tv, меѓу жртвите се и двајца Албанци, идентификувани како Генци С. и Васил П. Истата медија истакнува дека сè уште не е јасно дали тие се повредени или загинаа во несреќата.

Дополнително, според извештајот на LiveNews, во вторникот наутро, непосредно пред тргнувањето на тоа кобно патување, двајца навивачи на ПАОК го откажале своето учество во последен момент, додека две други лица зазеле нивните места. Благодарение на оваа случајност, животите на двајца млади беа спасени, додека на останатите патници патувањето им заврши трагично.

– Тргнаа наутро со намера да поминат преку Промахон, за да избегнат царински контроли и да стигнат побрзо. Другите двајца мораа да ги откажат билетите поради работни обврски и не заминаа на ова патување во последен момент. Празните места беа пополнети со луѓе од Солун – извести дописникот на LiveNews.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Јунајтед може да ја освои Премиер лигата следната сезона“

Мејсон Маунт верува дека Манчестер Јунајтед има потенцијал и менталитет да ја освои Премие…