
Андре Онана, камерунскиот репрезентативен голман кој оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Трабзонспор, би сакал да се врати во Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во клубот што моментално е прв во Серија А играше во сезоната 2022/23, со него го освои италијанскиот куп и суперкоп, а беше и финалист во Лигата на шампионите. Потоа потпиша за Јунајтед во трансфер вреден 50 милиони евра.
Иако не се откажал од кариерата на Олд Трафорд, не би имал ништо против враќање во Интер. Неговите претставници веќе започнале разговори со италијанскиот клуб.