Дома Фудбал Премиерлигашка ѕвезда го уништи своето Ферари на пат кон аеродромот (Фото)

Премиерлигашка ѕвезда го уништи своето Ферари на пат кон аеродромот (Фото)

Напаѓачот на Тотенхем Рандал Коло Муани, доживеа сериозна сообраќајна несреќа во Лондон, на пат кон аеродромот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој ја изгуби контролата над своето Ферари и удри во објекти покрај патот. Ударот беше толку силен што се отворија воздушните перничиња.

Иако првичните информации зборуваа дека со него бил и соиграчот Вилсон Одоберт, бидејќи беше виден на фотографиите, Одоберт всушност бил во своето лично возило и застанал за да му помогне.

За среќа, Коло Муани не беше повреден и тие со Одоберт со возилото на вториот продолжија кон аеродромот, каде што тимот требаше да отпатува за Франкфурт. Таму ќе бараат бодови кои вредат за директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фаворитот Шпанија се посрамоти против Зеленортските Острови

Првото големо изненадување на Светското првенство 2026 е факт! Европскиот шампион Шпанија,…