Дома Фудбал Некогаш го плаќаа со суво злато, сега го отпуштија

Некогаш го плаќаа со суво злато, сега го отпуштија

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг важеше за најголем талент на англискиот фудбал кога во 2015 година од Ливерпул премина во Манчестер Сити за 63 милиони евра.

По 7 години замина во Челзи кој плати нешто помалку од 60 милиони евра, но никогаш не играше на Стемфорд Бриџ како што се очекуваше. Проба да се врати во форма со позајмица во Арсенал, но и тоа не успеа.

Затоа, тој и клубот од Лондон се договорија за спогодбено раскинување на договорот и Стерлинг стана слободен играч.

Последниве месеци се пишуваше дека би можел да оди во Наполи, кој има големи проблеми со повредени играчи, но сигурно нема да брза со изборот на нов клуб, бидејќи со 31 година ова му е последна шанса да врати барем дел од некогашната форма.

Стерлинг има одиграно 82 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигнато 20 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе кажа кои тројца во овој момент би сакал да може да ги доведе во Реал

Интервјуто кое Килијан Мбапе го даде за мадридскиот AS привлече многу внимание, а француск…