Дома Трансфер зона Јувентус и Влаховиќ се договориле: Познати деталите од новиот договор

Јувентус и Влаховиќ се договориле: Познати деталите од новиот договор

Според информациите на „Газета дело Спорт“ Јувентус и Душан Влаховиќ наскоро ќе стават потпис на нова соработка до 2027 или 2028 година.

Актуелниот договор на српскиот напаѓач со „старата дама“ има важност до 2026 година. Во текот на летниот преоден рок Влаховиќ беше блиску до заминување од Торино, но на крајот остана.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Јувентус очигледно се задоволни од настапите на Влаховиќ, па ќе му дадат нов договор со подобри услови.

Италијанците најавуваат дека следи состанок помеѓу Јувентус и менаџерите на Влаховиќ, а се би можело да биде завршено и објавено до неделниот натпревар против Фиорентина.

Со новиот договор Влаховиќ би требало да заработува 7.5 милиони евра плус бонуси со кои напаѓачот би стигнал до 12.5 милиони евра. За Јувентус, Влаховиќ одигра 71 натпревар во сите натпреварувања и постигна 27 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…