Јувентус го обнови интересот за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесува „Кориере дело Спорт“.
„Бјанконерите“ сакаат да го засилат нападот во летниот преоден рок бидејќи Дибала сигурно заминува, а иднината на Мората е неизвесна.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Жесус подолго време е на радорот на „бјанконерите“ и минатото лето се поврзуваше со трансфер во Торино.
Манчестер Сити е во потрага по нов голгетер и е спремен да слушне понуда за Бразилецот, кој исто така сака да ја промени средината.
Јувентус наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за да ги дознае финансиските услови за трансферот.