Дома Топ вести Јуве и Реал воделе тајни преговори, Зидан ставил ТОЧКА на преговорите!

Јуве и Реал воделе тајни преговори, Зидан ставил ТОЧКА на преговорите!

Шпански „АС“ пренесува информации кои звучат навистина неверојатно…

Наводно, пред неколку недели Реал Мадрид и Јувентус воделе преговори за прселба на Матео Ковачиќ во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Перез израил желба да излезе во пресрет на „старата дама“, но Зинеден Зидан ставил точка на преговорите. Иако понудата на Јувентус воопшто не е за занемарување, дури изгледа неверојатно.

Според „АС“ Јувентус бил спремен да плати 75 милиони евра за Ковачиќ и на тој начин да го засили средниот ред. Сето ова не било поврзано со трансферот на Матуди, бидејќи Алегри во овој момент бара уште еден играч за врска.

Понудата е навистина неверојатна, Ковачиќ не е стандарден во Реал, но Зидан не сакал ниту да слушне.

Французинот полесно би се откажал од услугите на Герет Бејл, бидејќи смета дека Ковачиќ може да одигра значајна улога во наредните сезони во дресот на „кралевите“.

Зидан е спремен веќе оваа сезона да му даде поголема минутажа на Ковачиќ, па Јувентус ќе мора да бара друга алтернатива за засилување на средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…