Дома Фудбал Англија Јирген Клоп тренер на сезоната во Премиер лигата

Јирген Клоп тренер на сезоната во Премиер лигата

Ливерпул заврши на втората позиција на табелата во Премиер лигата зад Манчестер Сити, но сепак за најдобар менаџер во најсилното англиско првенство прогласен беше Германецот, Јирген Клоп.

Германскиот стратег вторпат во кариерата ја освојува оваа награда откако претходно за првпат беше прогласен за менаџер на сезоната во 2020 година. Сезоната Ливерпул ја заврши на втората позиција со 92 бодови, но ги освоија трофеите во Лига Купот и ФА Купот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Неодамна Ливерпул и Клоп ја продолжија соработката до 2026 година. Ќе потсетиме, „црвените“ во сабота ги очекува финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tухел на Мундијалот ќе оди без најголемата англиска ѕвезда?

Фудбалската репрезентација на Англија би можела да замине на Светското првенство без најго…