Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за Австралија: Не можам да опишам со зборови, ми треба време да бидам како порано

Ѓоковиќ за Австралија: Не можам да опишам со зборови, ми треба време да бидам како порано

На почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ поминуваше низ вистинска драма во Австралија каде што на крајот и не доби дозвола за настап на Австралија Опен.

На наредните турнири на кои настапуваше Ѓоковиќ не беше на препознатливото ниво, а призна дека тоа што му се случувало во Австралија и се уште има влијание.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Откако се вратив од Австралија морам да признаам дека малку ја потценував емоционалната состојба во која се наоѓав. Си помислив: Готово, излегов се е завршено, тоа е тоа. Што се случи, се случи одиме понатаму“, започна Новак.

Сепак, како што поминувало времето сфаќал дека нема да се опорави така лесно.

„Во наредните месеци чувствував емоционални и ментални траги поради се што се случуваше и тие се уште се тука. Дури во последните неколку недели почувствував како малку да излегувам од сето тоа. Се соочив со ситуации какви што немав претходно. Мислам дека бев целосно искрен кога во прашање се разни аспекти од мојот живот и тенисот, но ова беше сосема неочекувано. Немам зборови да опишам како се чувствував, ми треба време за да бидам во целост како порано“, призна Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …