Марко Миличевиќ е поранешен кошаркар, а сега за српски „Телеграф“ откри приказна за која како што кажува тој претходно на никој не му ја открил.
Во својата кариера, Миличевиќ играше кошаркар во шест земји и за 12 клубови, зборува седум јазици, а каирерата ја заврши на 44 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во поголемото интервју најголемо внимание привлече оној дел во кој Миличевиќ зборува за Дражен Петровиќ. Тој со Дражен играл во Цибона. Миличевиќ сега открива дека тој три години пред да се случи собраќајната несреќа во која српскиот кошаркар го загуби животот истата ја предвидел.
„Дражен беше мој близок пријател. Ова го зборувам сега прв пат. Никогаш не сум го кажал на никого. Јас во 1990 година му кажав што ќе се случи. Кога му кажав само ме погледна чудно. Кога во 1993 година се случи трагичниот настан бев во Марбеља и за смртта на Дражен слушнав на вести“.
„За жал, јас тоа му го кажав три години претходно. Седевме во кафуле јас Дражен и Аца. Дојде и неговата тогашна свршеница Рената, па Дражен побара од мене да му гледам на дланка, нешто по кое бев познат. Mу ја погледнав раката и продолжив да молчам. Сепак, тој инсистираше. Му кажав дека ако тој се жени со Рената, јас ќе се оженам со Адолф Хитлер. Му порачав да си ја гледа само кошаркарта.“.
„Еден ипол месец подоцна повторно беше упорен и инсистираше да му гледа. Тогаш само му кажав: Брат, гледам собраќајна несреќа со трагичен крај. Господ нека ти е на помош“, откри Миличевиќ за „Телеграф“.