Дома Кошарка Таткото на Дончиќ: Дражен е легенда, Лука сѐ уште е далеку од тоа

Таткото на Дончиќ: Дражен е легенда, Лука сѐ уште е далеку од тоа

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ оваа зима премина од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс. Таму игра многу добро заедно со Леброн Џејмс. Нивната серија од осум победи беше прекината од Бостон Селтикс.

Таткото на Дончиќ, Саша, гостуваше на Хрватското радио и го спореди својот син со Дражен Петровиќ.

„Дражен сепак е Дражен. Тој е легенда. Лука сѐ уште е далеку од тоа, но мислам дека е на добар пат. Не би ги споредувал, секој е во своето време меѓу најдобрите. Мило ми е што некој од Европа покажува дека кај нас претходно и сега се игра добра кошарка“, рече постариот Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Марковиќ доби минути во НБА, но Милвоки тоне: Седми пораз по ред

Богољуб Марковиќ забележа два скока и една асистенција во убедливиот пораз на Милвоки од Њ…