Дома Останати Водач на „Делии“ раскажува: Го следевме Дражен да му ги скршиме нозете…

Водач на „Делии“ раскажува: Го следевме Дражен да му ги скршиме нозете…

Зоран Тимиќ во 80-тите и 90-тите години беше еден од предводниците на навивачите на Црвена Звезда, а сега раскажа за нивниот морничав план за Дражен Петровиќ.

Во тие години за кои раскажува Тимиќ Дражен го носеше дресот на Цибона која беше голем ривал на Црвена Звезда во битката за титулата. Толку многу Дражен бил доминантен на теренот што сакале да му ги скршат нозете пред меѓусебниот натпревар.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Петровиќ тогаш беше најдобриот играч на Цибона со кого Црвена Звезда се мачеше и ние сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го исплашиме со закани, ап отоа да го истепаме. Идеите беа се порадикални, па дојдовме до точка да го удираме со стапови, ајде да му ги скршиме нозете. Го следевме во Загреб, но беше тешко бидејќи тогаш немаше мобилни. Но, сепак успеавме да ја дознаеме неговата рутина, каде оди по тренигн, во кое кафуле седи, каде живее“.

Објаснува и каде им настанл проблемот.

„Проблемот беше што ниогаш не одеше сам, со него секогаш беше девојката или друштвото. На крајот се вративме во Белград и се договоривме тоа да го направиме кога ќе има важен натпревар со Цибона таа сезона. Сепак, ние веќе загубивме во полуфинале, па немаше потреба“, раскажа Тимиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…