Дома Фудбал Останато Шокантни информации: Нејмар на Барселона и должи 100 милиони евра?!

Шокантни информации: Нејмар на Барселона и должи 100 милиони евра?!

Околу најскапиот трансфер во светот на сите времиња повторно се крева прашина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повеќе од половина година помина од најскапиот трансфер на Нејмар во редовите на ПСЖ од Барселона. До овој момент слушавме се, од тоа дека Нејмар е во „војна“ со Кавани и тренерот Емери до тоа дека е спремен да се врати во Шпанија во редовите на Реал.

Денес пак според изворите на шпанските медиуми спортскиот портал „Bleacher Report“ oбјави дека Нејмар на Барселона и должи огромни 100 милиони евра поради непочитувањето на договорот. Имено, во договорот на Нејмар стоеше клазула според која Барса има обврска на Бразилецот да му исплати 100 милиони евра во текот на петгодишниот договор.

Меѓутоа исто така таа клазула важела и за Нејмар (во случај на негово заминување тој треба да и плати).

Зошто оваа информација се појавила дури сега, половина после раскинувањето на договорот помеѓу Барса и Нејмар не е познато, но јасно дека полека но сигурно овој трансфер прераснува во еден од најконтроверзните во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…