Дома Фудбал Англија Шефилд постави негативен рекорд во Премиер лигата

Шефилд постави негативен рекорд во Премиер лигата

Шефилд Јунајтед е пред враќање во Чемпионшип, а денеска во Премиер лигата постави еден негативен рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На свој терен овој тим загуби со 1:4 од Барнли и со овие четири гола тие ја пробија границата од 50 примени голови на свој терен (51). Со оваа бројка тие станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата сметано од 1992 година кој примил волку голови.

Ако се знае како игра Шефилд веројатно рекордот ќе биде продолжен затоа што пред своите гледачи имаат уште два натпревари против Нотингем Форест и Тотенхем.

Апсолутниот рекорд кога е најсилната англиска конкуренција во прашање и пред формирањето на Премиер лигата како што денес ја познаваме го држи Астон Вила со 56 гола примени на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…