Дома Фудбал Германија Шалке го продава стадионот за да се спаси од банкрот

Шалке го продава стадионот за да се спаси од банкрот

Седумкратниот шампион на Германија, Шалке е во големи финансиски проблеми и ќе се обиде да ги реши со продажба на стадионот, пренесуваат тамошните медиуми.

Сепак, извршниот директор на Шалке, Матијас Тилман, вели дека продажбата на стадионот не доаѓа предвид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Финансиските проблеми започнаа во 2022 година, кога поради нападот врз Украина, клубот донесе одлука да ја раскине соработката со руската компанија „Гаспром“.

Долгот порасна на 165 милиони евра, екипата е пред испаѓање во Трета лига, а ако се случи тоа, му се заканува премин во аматерски клуб бидејќи прекинуваат договорите со сите фудбалери, како и тимот.

Германските медиуми тврдат дека Шалке сериозно размислуваат да го продадат својот стадион Велтинс арена, пуштен во употреба во 2001 година, со капацитет од над 62 илјади места.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…