Дома Трансфер зона Челзи му ја „краде“ големата желба на Тен Хаг

Челзи му ја „краде“ големата желба на Тен Хаг

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го донесе својот „пулен“ од Ајакс, Бразилецот Ентони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Првата понуда од Манчестер Јунајтед беше одбиена, а сега во трката за Бразилецот се вклучи и Челзи. „Сините“ веќе стапиле во контакт со агентите на напаѓачот и сакаат да го „украдат“ пред носот на големиот ривал.

Челзи е спремен да ја плати сумата од 60 милиони евра која Ајакс ја бара за 22-годишниот крилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…