Дома Македонски спорт Мак ракомет Хрватите сепак пресилни, прв пораз за Македонија на СП

Хрватите сепак пресилни, прв пораз за Македонија на СП

Македонската ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Светското првенство, откако убедливо беше совладана од Хрватска со 31:22.

„Коцкестите“ и овој пат се покажаа пресилни за нашата репрезентација, која никако не може да пронајде „рецепт“ против Хрватска и го запиша 4-от пораз во меѓусебните пресметки.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


На почетокот од мечот дуелот беше изедначен, но Хрватска полека почна до создава предност и на одмор замина со водство од 16:11.

Во второто полувреме игравме подобро, на стартот направивме серија од 3:0, но Хрватска се врати и рутински ја одржуваше предноста, а на крајот стигна и до убедлива победа.

Манасков со шест голови беше најефикасен во составот на Македонија, а го следеше капитенот Лазаров со 4 погодоци. За Хрватска најефикасен бепе Дувњак даде пет гола.

Фото: ЕПА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…