Поголем дел од македонските репрезентативци веќе пристигнаа и му се ставија на располагање на селекторот Благоја Милевски, за октомвриските предизвици во Лигата на нации.
Поради повреда откажа Александар Трајковски, а неизвесен е настапот и на Дарко Чурлинов кој се повреди на вчерашниот настап за Јаголенија против Легија во полското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двете средби на 10 и 13 октомври ги играме на гостински терен во Летонија и Ерменија, но македонските репрезентативци пристигнаа во добро расположение.