Дома Фудбал Реал: Исклучуваме од навивачката група секој кој користи нацистички поздрави

Реал: Исклучуваме од навивачката група секој кој користи нацистички поздрави

Реал Мадрид ја совлада Бенфика (2:1) во домашниот реванш на плејофот за осминафиналето од Лигата на шампионите, со што се пласираше понатаму со вкупен резултат од 3:1. Вниманието пред почетокот на натпреварот го привлече една несекојдневна сцена. Камерата, при прелетување на трибините на Бернабеу преполни со навивачи на Реал, забележа еден од нив како повеќепати упатува нацистички поздрав гледајќи во објективот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубското обезбедување веднаш реагираше, го лоцираше и идентификуваше навивачот и веднаш го отстрани од трибините. По полноќ, Реал на своите социјални мрежи објави: „Итно побаравме од Дисциплинската комисија на клубот да започне постапка за исклучување на членот кој беше фатен на телевизиските камери додека на трибините на нашиот стадион во моментите пред почетокот на натпреварот против Бенфика изведува нацистички поздрав.

Клубското обезбедување го идентификуваше осомничениот веднаш по прикажувањето во преносот и истиот беше веднаш отстранет од стадионот Сантијаго Бернабеу. Реал Мадрид ги осудува ваквите гестови и изрази кои поттикнуваат насилство и омраза во спортот и општеството.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…