
По натпреварот во Торино се случи момент кој брзо стана хит на социјалните мрежи. Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, имаше посебна средба со легендарниот Алесандро Дел Пјеро.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Осимен го забележа поранешниот капитен на Јувентус по крајот на мечот во Торино и побара фотографија со него. Насмевката и емоцијата на неговото лице зборуваа повеќе од илјада зборови – јасно беше колку му значи средбата со еден од своите идоли.
Иако беше една од најголемите ѕвезди во Серија А, Осимен покажа дека и понатаму има детска радост кога ќе се најде покрај фудбалска икона како Дел Пјеро.