Дома Фудбал Господски потег на Реал Мадрид по трауматичното искуство на млад навивач на Бенфика (Видео)

Господски потег на Реал Мадрид по трауматичното искуство на млад навивач на Бенфика (Видео)

Хаотичните сцени пред натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид оставија силен впечаток на едно момче. Полициската интервенција предизвика паника меѓу навивачите на трибините. Сега од Мадрид дојде потег кој многумина ги трогна.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пред почетокот на натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, се случија сцени кои ја засенија самата фудбалска претстава.

Полициската интервенција пред почетокот на средбата предизвика целосен хаос меѓу навивачите на стадионот.

Особено потресна беше приказната за момчето кое поради целата ситуација остана видливо вознемирено.

“Се надевам дека мојот син нема да заврши трауматизиран. Не знам зошто се случи оваа полициска агресија. Одеднаш почнаа да удираат сите”, изјави загрижениот татко.

Момчето, кое заедно со својот татко беше на трибините како навивач на Бенфика, призна дека не му беше лесно.

“Бев многу исплашен”, рече малишот по сè.

Од редовите на Реал Мадрид стигна реакција која многумина ги изненади. Кралскиот клуб одлучи да упати покана токму до ова момче. Поканата не беше упатена само до него, туку и до неговиот татко.

Иако се навивачи на Бенфика, тие двајца ќе бидат гости на Реал Мадрид на следниот домашен натпревар на стадионот Сантијаго Бернабеу.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во …