Дома Фудбал Престојат големи промени во Манчестер Јунајтед: Двоецот од Нотингем доаѓа на Олд Трафорд

Престојат големи промени во Манчестер Јунајтед: Двоецот од Нотингем доаѓа на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед планира значителни промени летово. Дел од средниот ред ќе се прости од северна Англија, но раководството на овој светски познат клуб не си дозволува пасивност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со големи шанси за заминување на Каземиро и шпекулации за можните трансфери на Коби Мејну и Мануел Угарте, “Црвените ѓаволи” се подготвуваат за целосна реорганизација на средниот ред.

Водството на Јунајтед внимателно го следи настапот на двајцата играчи од Нотингем Форест – Елиот Андерсон (23), познат по своите вештини во средниот ред, и офанзивецот Морган Гибс-Вајт (26), кои сезонава се истакнуваат со одличните игри.

Според пишувањата на “Дејли мејл”, цената за Андерсон би можела да се движи меѓу 92 и 115 милиони евра, додека Гибс-Вајт има откупна клаузула од 70 милиони евра.

Доколку Јунајтед успее да ги реализира двата трансфера, клубот од Олд Трафорд ќе треба да оддели над 180 милиони евра за тандемот од Нотингем Форест. Иако оваа сума не е астрономска според денешните стандарди во фудбалот, Јунајтед има минато полни со скапи аквизиции кои не ги оправдаа очекувањата, како што се Пол Погба, Џошуа Зиркзе, Расмус Хојлунд и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…