Дома Останати Кошарка НБА Харден испишуваше историја – изедначи рекорд на Коби и напрви нешто кое никој не го направил!

Харден испишуваше историја – изедначи рекорд на Коби и напрви нешто кое никој не го направил!

harden

Џејмс Харден изминатата вечер одигра уште еден фантастичен натпревар во победата на неговиот тим против Кливленд од 141:113.

Кливленд оваа сезона е еден од најлошите тимови во лигата, па Харден буквално ги уништи. НБА ѕвездата стигна до трипл-дабл учинок од 43 поени, 12 асистенции и 10 скокови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што е посебно неверојатно што Харден тоа го направи за само 29 минути и 34 секунди игра. Така тој стана првиот кошаркар во НБА лигата кој стигнал до трипл-дабл со најмалку 40 поени за помалку од половина час поминат на паркетот.

Покрај ова Харден со овој поентерски учинок стигна до просек од 40.5 поени по натпревар на последните 15 натпревари. Такво нешто претходно му успеало само уште на Коби Брајант во 1976 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…