Дома Фудбал Германија Хаос во Баерн по елиминацијата: Милер јавно го обвини Мусиала, Кимих беснеел

Хаос во Баерн по елиминацијата: Милер јавно го обвини Мусиала, Кимих беснеел

Баерн Минхен вчера доживеа елиминација од Купот на Германија откако загуби од Фрајбург со 1:2. Виновник за поразот беше Џамал Мусиала кој направи пенал во судиското продолжение, а Фрајбург го реализираше.

Ова беше причина капитенот Томас Милер по натпреварот јавно да го критикува Мусиала.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


„Нема опрадувања, не смевме да си дозволиме вака да бидеме елиминирани – со гол од далечина и пенал пред крајот. Дали Мусиала е виновен за пеналот? Да и тоа многу. Не смее така да оди со рака, посебно не кога е во шеснаесетникот“, изјави Милер.

Револтиран по елиминацијата беше и Џошуа Кимих.

„Буквално збеснав, оставме без можност за триумф во Купот. Ниту во сон не помислував дека може вакво нешто да не снајде. Фрајбург не создаде ниту една шанса, упати еден шут и добија пенал. Бевме поразени по водство, а тоа ни се случи премногу пати сезонава“, смета Кимих.

Германските медиуми шпекулираат дека Оливер Кан по поразот влегол во соблекувалната, додека се слушало и како Кимих беснеел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…