Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Фетел ме помина како да ме немаше на стазата

Хамилтон: Фетел ме помина како да ме немаше на стазата

Британскиот возач Луис Хамилтон немаше многу причини за задоволство после последната трка на светскиот шампионат.

Иако стартуваше од првата позиција, Хамилтон брзо тоа место му го препушти на Себастијан Фетел, а после трката изјави дека Фетел го поминал исто како да не бил на стазата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ме помина како да ме немаше на стазата. Дадовме се од себе, но Ферари не надмудри. Ја загубивме трката во првиот круг, кога безбедносното возило излезе на стазата. После тоа немаше што да бараме. Го подобривме болидот . но Ферари успеа да биде побрз од нас. Сепак, борбата продолжува.“ – изјави Хамилтон.

Инаку, Британецот сега има 17 бодови предност пред Фетел, а не му иде во прилог и фактот што наредната трка се вози на Монца, каде Фетел е прв фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…