Јавното обвинителство во Мадрид покрена обвинение против капитенот на хрватската репрезентација и првотимец на Реал Мадрид, Лука Модриќ поради затајување на данок од 870.728 евра во периодот од 2013. до 2014. година, пренесува Марка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што се наведува, износот би можел да биде уште поголем бидејќи е утврдено дека Модриќ има тајна сметка на Островот Мен, помеѓу Велика Британија и Ирска, под контрола на британската круна, на која не се плаќа данок на добивка.
Исто така, обвинение е покренато и против неговата сопруга Ванја и нејзината фирма „Ивано САРЛ“ која е основана во Луксембург, а на која Реал и исплати милион и 600 илјади евра во 2013. и 2014. година на име на користење на маркетиншки права.
Порано денес, левиот бек на Реал, Бразилецот, Марсело ја призна вината пред шпанските власти и ќе плати само 490.000 евра.
Модриќ и Марсело ја проолжуваат низата фудбалери во Шпанија кои затајувале данок, како, Лео Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Фалкао, Алексис Санчез, Анхел ди Марија…