Дома Видео Фудбалер на Порто постигна гол од скоро половина терен 🎥

Фудбалер на Порто постигна гол од скоро половина терен 🎥

Тимот на Порто потешко од очекувањата дојде до трите бода во натпреварот против Жил Висенте (2:1).

Победничкиот гол фаворизираниот тим го постигна пред самиот крај на мечот. Овој натпревар ќе се памети по првиот гол на гостите кој беше дело на Мехди Тареми. Голот на Тареми сигурно долго ќе се врти по најавните ТВ шпици.

Тареми тргна кон голот, околу него имаше тројца противнички фудбалери, а тогаш забележа дека голманот на противничкиот тим е излезен од гол-линијата, се реши да шутира и не погреши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…