Интересни моменти се случуваа вчера на стадионот на Јувентус каде беше прославена шестата последователна титула, но еден момент посебно го привлече вниманието.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, постариот син на Бонучи, Лоренцо е голем фан на Торино и дефанзивецот не го крие тоа, па често го носи својот син да ги гледа натпреварите на градскиот ривал.
Меѓутоа вчера Лоренцо беше „принуден“ да го облече дресот на Јувентус и да ја слави титулата на својот татко, а тоа воопшто не му се допадна.

Лоренцо цело време беше тажен, не сакаше ни да го допре Скудетото и сакаше да го соблече дресот, па во еден момент почна да плаче.

На срцето не може да му се командува, а неговото дефинитивно му припаѓа на Торино.

