Дома Топ вести ФОТО: Први информации за повредата на Меси!

ФОТО: Први информации за повредата на Меси!

Лионел Меси вечерва против Севиља после еден страшен пат заработи тешка повреда на раката.

Аргентинецот незгодно падна на десната рака и не можеше да издржи. Се обиде да продолжи, но болките беа забележителни.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ваквата повреда на Меси и тоа како ги загрижува сите во Каталонија со оглед на тоа што Барселона ја очекуваат натпревари против Интер во Лигата на шампионите и Реал Мадрид.

Од Каталонија сега пристигнуваат и првите информации за карактерот на повредата.

Имено, Меси изгледа ги избегнал најлошите прогнози и не станува збор за скршеница, туку само за истегнување на тетивата во подлактицата. Првите проценки се дека на терен би можел да се врати во период од 7 до 10 дена, што остава надеж кај Каталонците дека би можел да биде спремен за „Ел Класико“ кое се игра наредниот викенд на 28-ми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…