Најпознатиот спортски пар Бастиан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ пред еден месец се преселија во Чикаго и веднаш се прилагодија на живот во градот, кој очигледно многу им се допаѓа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тие се одлучија да живеат во пентхаус од 230 квадати кој се наоѓа на 58-от спрат од хотелот „Valdorf Astori“, а единствениот услов на Ана бил станот да има тераса. Желбата и е исполнета бидејќи станот има две тереси со прекрасен поглед на езерото Мичиген.


Германските медиуми пренесуваат дека цената за изнајмување на овој апартаман е 30.000 евра месечно, а доколку Бастиан и Ана се одлучат да го купат ќе мораат да искешираат 11,6 милиони евра.


Станот е опремен со најнова и најскапа технологија, има три камини, огромна дневна соба, трпезарија, кујна, неколку спални соби и теретана. Во станот има и дури пет купатила, уредени по најнови стандарди.

