Дома Актуелно ФОТО: Бонучи вчера не играше, но не ги избегна навредите од трибините

ФОТО: Бонучи вчера не играше, но не ги избегна навредите од трибините

„Росонерите“ не му го простија враќањето во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус вчера на „Сан Сиро“ стигна до победа против Милан во италијанското дерби.

Натпреварот го обележи Гонзало Игуаин, поранешниот фудбалер на Јувентус кој сега настапува за „росонерите“ промаши пенал и заработи црвен картон.

Аргентинецот сега го чека пауза, од најмалку еден натпревар, но вниманието го привлече уште еден човек кој го носеше дресот на двата клуба.

Секако, станува збор за Леонардо Бонучи кој не беше во стартниот тим и се претпоставува дека тоа беше така поради се што се случуваше изминатата сезона кога премина во Милан, за потоа ова лето да се врати во Торино.

Во Милан ја носеше капитенската лента и „росонерите“ не му простија, па му посветија интересен транспарент.

bonucci

„Бонучи, само Скетино е поголем срам од тебе“, алудираа најжестоките фанови на домашните на капетанот на бродот на Коста Конкордија кој кога потона, тој побрза да побегне од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…