Дома Фудбал Останато ФИФА револуција: Светско клупско првенство со 24 екипи во годината пред Мундијалот?!

ФИФА револуција: Светско клупско првенство со 24 екипи во годината пред Мундијалот?!

fifa

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) работи на предлогот за нов формат на Светското клупско првенство според кој би се зголемил бројот на екипи и ќе се одржувало на секои четири години.

Светското клупско првенство каков што денес го знаеме би можело да замине во историјата, бидејќи ФИФА работи на промена на форматот на ова натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува вест во која се наведува дека Џани Инфантино и неговите соработници сакаат промена на форматот поради фактот што акутелниот сисем не е интересен, што значи и помал профит за ФИФА.

Поради тоа се влезе во просец на смислување нов формат на натпреварување според кој би учествувале повеќе клубови, но натпреварувањето би се одржувало поретко.

Извори на споменатиот шпански весник тврдат дека најголемите промени на форматот е што би учестувале 24 клубови и истото би се одржувало на секои четири години.

Учесниците би биле поделени во осум групи, по три клуба, а само првопласираната екипа би обезбедила пласман во ¼ финалето. Тоа значи дека екипата која ќе го освои би одиграла пет натпревари, а секој учесник би играл најмалку два натпревари.

Би се одржувало на секои четири години и би траело 18 дена. Планот е турнирот да се одржува кон крајот на јуни и почетокот на јули, а првото издание би можело да биде закажано за 2021 година.

Исто така Купот на Конфедерации би заминал во историјата бидејќи ФИФА го смета непрофитабилно и неинтересно, што значи дека на една година пред Мундијалот би се играло Светското првенство за клубови.

Она што многумина ги интересира, а за што засега нема информации е – кои клубови би учествувале. Тоа е тама која веројатно дополнително ќе биде утврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…