Според информациите на турските медиуми, Фенербахче му понудил договор на Јоаким Лев до 2024 година.
Лев е без ангажман откако ја напушти функцијата селектор на Германија, па сега Фенербахче се обидел да го доведе во своите редови откако Витор Переира си замина.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што говорат информациите Турците веќе ја испратиле својата прва понуда за две ипол годишна соработка со Германецот и сега се чека одговорот на Лев.




Лев селектор на Германија беше од 2006 година после Мундијалот кој се одржа во неговата земја, а под негово водство Германија го освои Светското првенство во 2014 година и играше финале на Европското во 2008 во кое изгуби од Шпанија.