Дома Фудбал Лев потврди: Се враќа на фудбалот после Светското првенство

Лев потврди: Се враќа на фудбалот после Светското првенство

Oсвојувачот на Мундијалот со Германија во 2014 година, Јоаким Лев, повеќе од една година е без работа, откако поради лошото издание на Европското првенство си замина од селекторската функција.

Во меѓувреме Лев имаше неколку понуди, но се уште е ангажман. Сега најави дека е подготвен да се врати на фудбалот.

„Ќе се вратам на фудбалот. Премногу е забавно да се биде во тој спорт. Повторно сум мотивиран кога гледам фудбал, што претходно не беше случај“, изјави Лев за германските медиуми.

Сепак, за искусниот стручњак моментално е приоритет на Светското првенство во Катар и не сака да се обврзе додека не заврши турнирот за да има време да ги следи натпреварите.

„Сакам да го доживувам Мундијалот како гледач. Тоа е причината поради која се уште не сум прифатил понуда“, изјави Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез донесе победа, па побара прошка: „Погрешив со изјавата за Барселона“

По решавачкиот гол против Депортиво, Хулијан Алварез јавно им се извини на навивачите на А…