
Сајмон Мињоле одлучи да ја заврши својата професионална кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој ќе го направи тоа на крајот на оваа сезона, како што соопшти денес.
“Плеј-офот ќе бидат последните десет натпревари во мојата професионална кариера“, рече Сајмон Мињоле.
„Од 1-ви септември започнувам нов предизвик, ќе бидам во спортскиот сектор на Фудбалскиот сојуз на Белгија. Подоцна ќе ја објаснам својата позиција во федерацијата“, рече тој.
Тој додаде и дека целта му е титулата за крај.
„Не сакам да бидам премногу емотивен сега бидејќи работата не е завршена. Сакам да станам шампион со Клуб Бриж“, рече тој.
Мињоле (38) во текот на својата кариера настапуваше за Сент Труден, Сандерленд, Ливерпул и Клуб Бриж, а за репрезентацијата на Белгија има брано 35 пати.