Репрезентацијата на Србија беше елиминирана од Европското првенство по групната фаза во конкуренција на Англија, Данска и Словенија.
Се уште не е јасно дали селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане кормилото на репорезентацијата, а вчера се појави информација да би можел да биде наследен од славниот германски тренер Јоаким Лев.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно Лев бил фаворит за преземањето на српската клуб и преговорите започнале. Лев ја водеше Германија дури 15 години од 2006 до 2021 година, а во 2014 година и донесе светска титула.
Тој е без ангажман веќе три години по напуштањето на клупата на Германија. По пишувањето на медиумите во Србија, германски „Билд“ го контактирал Лев преку неговиот агент и од таму добиле одговор дека во овој момент германскиот стратег не добил никаква понуда и во тие тврдења нема вистина.